Со д-р Димитровска за вакцинацијата против Ковид 19

Прим. Д-р Ели Димитровска која е началник на инфективното одделние и неколку медицински сестри беа првите од Ковид центарот во Битола кои се вакцинираа со вакцината Фајзер, во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје.  На оваа тема, како и за битката со болеста на пациентите и за тоа каква е состојбата на инфективното одделение во Битола, во денешниот Актуел на Тера разговараме со неа.

Таа апелира граѓаните да ја примат вакцината против Ковид 19 согласно програмата за имунизацијата на министерството за здравство за што поскоро да се вратиме на нормалниот живот, а во меѓувреме да се почитуваат мерките за заштита.

Сподели