Со закана со пиштол одзел 80 шишенца „метадон“, околу 2000 денари, мобилен и фиксен телефон

0
1756

На 23.03.2018 година околу 18.45 часот во аптека во Битола непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот  со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2000 денари, мобилен и фиксен телефон, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.