Со закројување на лозниците одбележан Св.Трифун во земјоделско

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Меѓу поголемите празници кои што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Св. Трифун, празник главно познат по закројување на лозјата. Традицијата со зарежување на лозниците и со полевање на вино ја продолжија во Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола. Сите заедно и професорите и учениците го одбележаа Св.Трифун.

Зарежувањето треба да се направи откако ќе поминат големите зимски мразови. Тие имаат неповолен ефект врз овошните дрвја. Зимното кастрење од една страна овозможува да се формира круната на дрвјата, а од друга го регулира формирањето на овошјето. Со оглед на тоа што годинава имаме блага зима, Кузмановски вели дека виновите лози се во добра состојба.

Се верува дека Св. Трифун е заштитник на градинарите и лозарите. Момчето што на 17 годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка . Се стекна со голема слава, настрада на 21-годишна возраст, но остана во спомен на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

Share.