Со инстант лозови од свадба брачен пар од Битола добија Toyota Auris Hybrid

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кога гостите на свадба ќе ти донесат среќа плус, новиот живот во двајца може да го поченеш со нов автомобил како потврда за квалитетен почеток на заедничката среќна приказна.
Брачниот пар Пеце и Мирјана Петковски од Битола во јуни ја прославиле својата венчавка како чин на почеток на заедничката долговечна среќна приказна. Тие на својата свадбена покана не навеле дека очекуваат да добијат инстант лозови, но при отворање на даровите, откриле дека дел од гостите им донеле различни видови лозови од богатата палета на Државна лотарија на Македонија. Поголем број лозови носеле помали суми на добивки, па решиле да ги заменат за нови, но по завршувањето на летните одмори. Задачата за замена на лозовите ја земал Пеце, како глава на новото семејство.

Атрактивноста на возилото TOYOTA AURIS HYBRID го поттикнала замената на вкупната добиена сума да ја направи за лозови ПАРКиРАЈ ХИБРИД!  Пеце ја земал на себе и задачата за гребење на лозовите, па самиот ги открил трите симболи за добивка автомобил. Среќен и возбуден, прво и соопштил на сопругата, па на сите од семејството и секако на пријателите.

За свое среќно место го избрал до сега најпознатото место по добивки од игрите на среќа – Вагобонд, на Широк сокак. Викендов на среќното место дојде и Марјана Станојковска

 

Пеце и Мирјана во салонот на Тојота во Скопје, ги добија клучевите од својот нов автомобил добиен на лозови од свадба.

Убаво е на младенците да им дадеш шанса за плус добивка. Ете може да се случи како кај нас, да си добијат кола. По нашиот пример им препорачуваме на сите кога одат на свадба да не тргаат без грепки, вели Петковски.

Инстант лозот ПАРКИРАЈ ХИБРИД, крие уште три возила TOYOTA AURIS HYBRID и бројни парични добивки. Марјана Станојковска вели дека битолчани се верни играчи на игрите на среќа, и досега токму во Битола паднале голем број на награди.

Ова е веќе трето возило кое го добиваат младенци на свадба, од подарени инстант лозови од различни игри на среќа.

Share.