Д-р Ирена Ружин 20 години е активен член на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите, член на Извршен одбор на Балканската музејска мрежа, претставник од Македонија во Балканската група за пристапност во музеите и во други стручни меѓународни тела, добитник на меѓународни признанија. Со своето 30 годишно работно искуство и со многу љубов и труд го прави Завод и Музеј од Битола да биде достапен за сите. Во пресрет на 18-ти мај Денот на Музеите го добива признанието „Музејски работник за 2022 година“. Пофалницата за Музејски работник на годината е чест, која дојде неочекувано од страна на стручната комисија за доделување награди на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите, гордост за мене и за тимот со кој работам ( затоа им ја посветив ним) , а особено на колегата м-р Јове Парговски кој е автор на концептот (тактилни слики, QR кодови, NFC тагови, 3Д печатење).

Таа е раководител на повеќе меѓународни проекти, консултант и автор на повеќе студии за пристапност, стратегии за развој на туризмот и др.Повеќе години работи на проекти за пристапност во НУ завод и музеј Битола, но и во други музеи во земјава и регионот.

Дел е од концептот тактилни слики кој дава можност и преку допир и преку видеа на знаковен јазик и со симнување на QR code да се следат информации за експонатите.

Нивното искуство го споделувааат на меѓународни конференции, вебинари, семинари и со гостувања на нивните тактилни изложби. (Три во Србија, две во Хрватска и трета во подготовка, во БиХ, и во Словенија…) Воедно со тоа како што вели Ружин правиме и промоција на нашето културно наследство. Со грантови од Балканска музејска мрежа, покрај нивниот, во три музеи во Скопје, веќе е спроведен овој тип на проекти и студии за пристапност, а во моментов се работи уште во три музеи и музеи во Црна Гора.

Лицата со попреченост имаат право на пристапност, регулирано со Конвенција, закони, правилници, стандарди, вели Ружин и додадва дека музеите мораат да работаат за лицата со попреченост, соочувајќи се со физички, интелектуални, сензорни попречености и со предрасудите. Подигнувањето на свеста во околината е исклучително важна, а во тоа во голема мера ни помогaat медиумите, вели таа.

Прашавме на што работи во моментот?

Најзначаен резултат од работата е вели задоволството на нашите посетители, зашто ние ја познаваме нашата публика, работиме заедно со нив, што го чувствуваме за најголем благослов.












