Со кинески „Синофарм“ почна вакцинацијата во Битола

Вчера пристигнаа, денеска почна боцкањето. Масовната имунизација во Битола со кинески „Синофарм“ почна во Регионалниот центар во спортската сала на медицинското училиште во Битола. За денес се пријавиле 910 граѓани за вакцинација, а освен битолчани ќе се боцкаат и граѓани од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар.

Во имунизацијата се вклучени над 100 луѓе, 25 медицински тимови, лица задолжени за административните работи и волонтери од Црвениот крст.

Прочитај и: 31 починато лице, од нив 2 пациенти од Битола

 

 

Пандемијата со коронавирусот може да се победи само со вакцинација, рекоа дел од граѓаните кои ги анкетиравме.

 

 

Ќе се вакцинираат само оние граѓани кои се пријавиле на системот вакцинација.мк. и здравствени работници од регионот  кои ја немаат завршено имунизацијата. За нив ќе се определи посебен пункт  и со посебни потврди на кои ќе биде наведено од која здравствена институција се и на кое работно место работат, рече др.Спирковска.

 

 

Утре ќе има нова пратка, а ќе се доставуваат согласно капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и каде што се чуваат вакцините.

Сподели