Културниот и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај Денот на Европа, вечерва го организираше свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерскиот дом во Битола.

Овој настан е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир Bösendorfer по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерскиот дом и воедно промоција на концертната сала.

На програмата беа дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.















