Со лажно претставување битолчанец бил измамен за 11.000 денари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера битолчанка пријавила дека истиот ден во 11.30 часот нејзиниот 73 годишен татко бил измамен од непознато лице.

Според пријавеното, лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома. Тој му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен. Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Share.