Со Литија низ улиците на Битола одбележан Св.Нектариј

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битола го одбележува патрониот празник Преподобен Нектариј Битолски.Денешното празнување започна со света Божествена литургија во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“.

Литијата со моштите на Свети Агатангел Битолски започна после Божествената литургија од дворот на храмот Свети Велекомаченик Димитриј, покрај градската библиотека, преку Широк Сокак, до плоштадот Магнолија и повторно во храмот.

Свети Нектариј беше прогласен за заштитник на Битола пред десетина години. Од епархијата велат дека воспитувањето во христијански дух го добил од Битола пред пет века кога во градот постоеле стотина цркви и манастири.По повод заштитникот на градот Владиката Петар упати порака до сите граѓани.

„Св. Нектариј во најмладата возраст го напуштил светот и јанапуштил Битола, не за да ја заборави, туку за да и се посвети, да се моли забитолчани, па еве и до денешни дни, седум векови се моли за спасение на Битола.Мојата порака до младите е да ги запазиме христијанските вредности, вредноститена нашата света православна црква, или поточно, да направиме превреднување навредностите, затоа што денес се измешаа работите до таа мера, што лагата станавистина, клеветата стана поткрепа, злобата стана на некој начин зависност кајлуѓето. Сите пороци се се поприсутни“, посочи г. Петар.

Денешниот празник на битолчани им го честита и градоначалничката на Битола Наташа Петровска

„Денесе празникот Св. Нектариј Битолски, заштитникот на нашиот град, ден кога требада чествуваме и да се потсетиме дека само љубовта е онаа која што може да неводи и само со неа може да успееме сите заедно. На таков начин може данаправиме да е подобро за сите нас. Нека тоа биде водилка во следните 365 дена“,рече Петровска.

Според житието, родителите на Некатриј биле побожни. Се верува дека мајка му ја сонувала Богородица, која ги предупредила со сопругот и децата да се сокријат пред османлиските војските што ќе дојдат. Така се спасиле, а потоа Некатриј заминал за Света Гора, каде се замонашил. И денес неговите мошти се наоѓаат во Кареа, во келијата каде што живеел и се молел. Битола, иако го прогласи за заштитник ги нема неговите мошти. На литијата која се одржува во негова чест на 18 декември се изложуваат моштите на Свети Агатангел, исто така светец кој потекнува од Битола. 

Share.