Со мазник со паричка се слави Василица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со мазник со паричка жителите на градот под Пелистер ja одбележуваат православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Битолчани на овој ден го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година. Иако утрово во Битола беа измерени -18 степени, можеа да се забележат многумина битолчани со мазник во рака, со цел да останат верни на традицијата.

Оваа традиција во Битола се негува со децении.За разлика од другите градови каде што паричка во леб се крши за Бадник, битолчани го прават тоа на Василица. Битолчани празникот Василица го празнуваат неколку дена. Ноќите спроти Василица, на 12 и 13 вртат друштвата. Во битолските ресторани се собираат вработени од фирмите и вратат мазник со паричка. Некои адетот го прават на работните места, но речиси никој не го испушта. По вртењето на мазникот, се јадат домашни колбаси и се пие домашно вино. Оној најсреќниот го фрла првиот зар и почнува коцкањето. А потоа се завршува со песна и оро до рано наутро.Нема пекара во Битола да нема мазник со паричка на 14 ти јануари.

Share.