Со Миле Атанасовски за музиката од неговото време

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во оваа емисија гостин е битолчанецот Миле Атанасовски кој живее во Скопје.

Вели дека со големо задоволство дојде во емисијата, во која што вели дека можеби е еден од ретките битолчани кои не го изветопериле јазикот и како што рече си тера по битолски.

Зборува за музиката од неговото време,  за игранките кои се случувале во Битола, за одењето на Тумбе кафе.

Свиреле во гимназијата и други училишта, а со посебен пиетет зборува за Офицерскиот дом.

Во групата „Барони“  тој вели дека на почеток беа тројца, Живко Попов кој денеска е член на МАНУ, Мичо Тунелот и Таќи Гагиќ.

Со него како тапанар станале четворка. А бидеји немале пејач, нашле и тоа познатиот уролог од Битола Рашко.

 

Share.