По повод Европската недела за тестирање на Хепатитис и Хив и Светскиот ден за борба против Хив Сидата, Хепар Центарот од Битола заедно со Центарот за јавно здарвје деновиве одржаа неколку активности каде јавноста беше запозната со превентивните мерки за заштита од заразно преносливи болести, а се вршеше и бесплатно тестирање.
Кампањата се одвива во повеќе градови низ Македонија со поддржка на Министерството за здравство, СЗО и ЕЛПА Европската Комисија.
Во денешното Актуел интервју зборуваме за еден од поголемите настани кои се одржаа во Скопје, а тоа е првата Балканска конференција за елиминација на хепатитот Б и Ц, со 70 учесници, а на покана на американската економска комора беа дел од Првата конференција за здравство каде се дискурираше за отворање на позитивната листа, со цел подобрување на пристапот до лекои.












