Со моќно второ полувреме, Еурофарм го совлада Радовиш

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа втората победа во исто толку натпреври во домашната Суперлига. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа жилавиот Радовиш со. Далеку подобро беше второто полувреме, во кое со две големи серии од 6-1 и 4-0 стигнаа до победа.

Трајковски беше одличен на голот, а со серија на лесни голови од полуконтри и контри, избраниците на Чирковиќ се радуваат на втора победа.

Еурофарм Работник – Радовиш 35-27 (15-15)

Спортска сала „Младост“ – Битола. Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовки од Скопје
Делегат: Душко Камишевски од Скопје

Еурофарм:
Трaјковски, Чаневски, Ивановиќ 6, Ојлески 7, Маркоски, Петровски, Талевски, Чурлевски, Мемиќ, Џукиќ 6, Крстевски, Дрогришки, Граџан 1, Кузманоски 6, Пецаковски 1, Кузмановски 4

Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути

Радовиш:
Паунов, Томов 2, Бујиќ 5, Илиев 11, Долдуров, Ѓорѓиев, Мицев, Димов, Тушев, Јованов, Симиќ 1, Ристов 5, Лазаревски 3, Трајанов

Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Работник спаѓа во екипите кои собраа две победи од два натпревари во Суперлигата.

Share.