ТЕРА

REKLAMA???

СО НИКОЛОВСКИ, ВТОРИОТ НОВИНАР ОД ТЕРА КОЈ РАБОТИ ВО ГЛАСОТ НА АМЕРИКА

Мартин Николовски е битолчанецот кој по студиите во Анкара и работата во Телма телевизија, доби ангажман за работа во Гласот на Америка, програма на македонски јазик во Вашинготн, САД.

Неговите почетоци се врзани со Тера Телевизија, каде во голема мерка го научи новинарскиот занает. Тој е вториот новинар од Тера, после Анета Шијакова кој е ангажиран во Гласот на Америка.

Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со него.