ТЕРА

REKLAMA???

СО НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Новиот избран претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО ја очекува седницата на советот за да започне реализацијата на неговата програма, но приритет му е добрата информираност на студентите за сите активности што се досега реализирани и ќе се реализираат.

Животот на студентите од аспект на нивно организирање и заштитување на правата, борба за реализација на нивните интереси е работа на Универзитетското студентско собрание (УСС) кое на својата последна седница од 22 овој месец го избра новиот претседател. Скоро едногласно беше избран Димитар Атанасовски, студент на трета година од Педагошкиот факултет. И досега членувал во Собранието, бил и претседател на Факултетското студентско собрание, член и на Сенатот. Не му е туѓа критиката – и позитивната и негативната,  на работата и од страна на студентите и од страната на професорите.

Фокусот во работата на самиот старт го става кон степенот информираност на студентите за се што се случува во универзитетскиот академски свет, како предуслов за поголемо ангажирање на сите студенти.

Статутарно, Организацијата на студентите се грижи за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот настудирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и застудентската културна, социјална и интелектуална надоградба, поттикнува студентски активности надвор од наставниот процес, одлучува за зачленување во регионални и меѓународни организации.

Позицијата подразбира и тесна соработка со студентскиот правобранител и ректорската управа и професорите. Претседателот на УСС мора да умее да ја балансира бунтовноста на студентите со правилата на Управата.

На седницата што се одржа на 22 овој месец, во Ректоратот на УКЛО, избрани беа и членовите на органите на Универзитетското студентско собрание на УКЛО и воедно, делегирани се претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот, Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и постојаните  Комисии на Универзитетот.