ТЕРА

REKLAMA???

СО НУЛА ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ КОЊАНОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАДРЖИ ТУКА

Со 0 (нула) поддршка за младите, градоначалникот Тони Коњановски не може да зборува за било каков план да ги задржи или врати младите во Битола!, вака рече советникот од СДСМ Петар Николовски.

„ Општина Битола има располагање голем број на механизми со кои може да влијае врз квалитетот на живот на младите во градот, но откако Коњановски е градоначалник апсолутно ништо нема преземено! Еве веќе цела година, Коњановски не ја реализира изгласаната Иницијатива за еднократна финансиска поддршка на студенти од социјално загрозени категории на семејства кои студираат на УКЛО. Коњановски не го спроведува изгласаниот амандман за финансиска поддршка на млади бизнис идеи! Градоначалникот и неговата матична партија, ВМРО – ДПМНЕ не ги прифатија амандманите за финансиска поддршка на млади до 29 години за користење на рекреативни фитнес центри и за финансиска поддршка на невработени млади до 29 години за обука за возачка дозвола од Б категорија! Советот на Општина Битола изгласа Локална стратегија за млади со Акциски план за спроведување, но ништо од предвиденото не е реализирано! Локалниот младински совет е нефункционален затоа што нема никаква поддршка од градоначалникот, а студентите уште го немаат добиено студентскиот парк кој градоначалникот го вети! Социјал-демократската младина, како конструктивна опозиција, подаде рака и предложи повеќе идеи за подобрување на животот на младите во Битола, но градоначалникот Коњановски очигледно не е на страната на младите! За две години откако Коњановски е на чело на локалната власт, нема ниту еден капитален проект или поддршка од значење за младите!“, рече Николовски.