Со „Опел корса“ удри во бетонски столб и почина

На 03.05.2021 во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 31 годишно лице од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник.

Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош  констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.

Сподели