Со „Опел Омега“ повредил двајца полицајци на патот Прилеп-Битола

0
2057

На 25.05.2018 година околу 19.00 часот на патот Прилеп-Битола полициски службеници забележале патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил  двајца полициски службеници. Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола, при што било констатирано дека го управувал 30 годишен прилепчанец. Тој бил приведен во Полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници  биле пренесени во Општа болница Прилеп. Увид на местото  извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Од страна на Јавен обвинител на лицето му била изречена мерка притвор.