Со Петар Ставрев за Битола и Епинал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Изложба на познатиот битолски фото репортер Петар Ставрев по повод 50 годишната соработка на Општина Битола и збратимениот град Епинал од Р. Франција а во рамки на одбележувањето на празникот на градот 4ти Ноември.

Од 2000 фотографии кои ги направиле со неговиот син Сашо Ставрев на оваа изложба поставиле само неколку кои ги одбрале заедно со советот на општината кој воедно е и организатор на истата.

Оваа изложба беше поставена во фоајето на Центарот за култура од Битола а после неа програмата продолжи со доделувањето на четврто ноемвриските награди.

Share.