Времето денеска променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 8 степени. Утринската во Битола до -5, а дневната до 6 степени.











