ТЕРА

REKLAMA???

СО ПОВРЕМЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА

Утрово -3 степени во Маврови Анови, -2 Попова Шапка, -1 Крива Паланка, 1 Виница, Тетово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 4 Битола, Демир Капија, Крушево, 5 Гевгелија, 7 Охрид, Претор.

Во текот на ноќта и утрово променливо облачно, во западните и северните делови со повремени слаби врнежи од дожд. Утрово во северните делови на планините и на повисоките места врнежите беа од слаб снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.

Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени. Во Битола до 8 степени.