ТЕРА

REKLAMA???

СО ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР

Утрово 8 степени на Попова Шапка, 9 Крушево, 10 Лазарополе, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Струмица, Дојран, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, 14 Берово, Охрид, Виница, Куманово, Демир Капија, 16 Штип.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Битола до 20 степени.