Со промена на долната облека Ѓоковик успеа да направи пресврт

Најдобриот тенисер во светот Нова Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на Ролан Гарос откако славеше против Лоренцо Мусети, кој се предаде во текот на петтиот сет.

Ѓоковиќ помеѓу вториот и третиот сет реши да замине во соблекувалната, а набрзо почнаа шпекулациите дека таму заминал поради медицински тајм-аут, иако тоа не било вистина.

Новинарите ги интересираше каде заминал српскиот тенисери во паузата меѓу сетовите, а Ѓоковиќ реши да им открие.

„Ако мора да знаете, за време на паузата бев да си ги сменам гаќите и да се пресоблечам. Но, вообичаено тој момент од паузата се користи за психички одмор“, објасни Ѓоковиќ.

Светскиот број еден тениски рекет, Новак Ѓоковиќ успеа да победи во еден долг и маратонски меч против младиот Италијанец Лоренцо Музети со резултат од 3-2 (6-7,6-7, 6-1, 6-0, 4-0).

Следен противник на Ѓоковиќ повторно ќе биде тенисер од Италија, Матео Беретини ќе се обиде да го победи Србинот.

Сподели