Со Ристо Ѓорески во „Два пати исто, но сепак различно“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ристо Ѓорески е од село Буково. Тој денеска има меѓународна кариера, а беше ученик на кларинетистот и професор Панде Татарчевски .

Основно и средно музичко училиште заврши во Битола, дипломираше и магистрираше во Скопје, а специјализираше во Варшава.

Работи во Македонската опера и балет во Скопје.

Повод за разговорот во оваа емисија е што тој заедно со Сергеј Петров од Русија и Јакув Боку од Полска имаа концерт во Битола, како иницијатори за одржување на „Клари фест“ со помош на фондацијата на Панда Зографска -Беличанец која што постои од 2026 година и годинава одбележува 85 години од раѓањето на Томислав Зографски. Оваа фондација веќе осум години го организира фестивалот „Охридски бизер“ и Охридските хорски свечености.

 

Share.