ТЕРА

REKLAMA???

СО СДСМ КУЛТУРАТА ОСТАНУВА СЛОБОДНА И РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

„Со СДСМ македонскиот идентитет е зајакнат и потврден, со СДСМ култура има за секого и секаде, со СДСМ културата останува слободна, заштитена и афирмирана во ЕУ“, рече во денешното свое обраќање потпретседаелката и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојевска, која е коностил на листата на СДСМ за петтата изборна едница.

„Во следниот мандат со „Програмата за европска иднина” нудиме:

Раст на платите во културата секоја година за 10%; заштита на македонскиот јазик; се обврзуваме, буџетот за културата мора да биде од година во година сè поголем; поголема автономија во насочување на средствата.

Делегиран буџет во културата на национално и на локално ниво, инспекторат за македонски јазик, отворање на нови работни места за лекторите и враќање на интересот кај младите за изучување на македонскиот јазик, ставката за капитални дотации за инвестициони проекти во областа на културата за единиците на локалната самоуправа до 2028 година ќе изнесува 120 милиони денари;

Нов, современ, европски и квалитетен Закон за култура; целосна дигитализација на културата; универзална сала целосно функционална до 2027; презентација на македонската култура достојно во Европа и светот; врвно претставување на Скопје европска престолнина на културата 2028;

Влог во заштитата на културното и духовното наследство, ги враќаме и останатите 37 украдени икони од Албанија; нов Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион; заштита на престижниот статус на Охридскиот Регион во УНЕСКО“ истакна Костадиновска-Стојчевска.