Со Сефедин Бајрамов, во Два пати исто, но сепак различно

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Гостин во емисијата „Два пати исто, но сепак различно“ беше естрадниот уметник Сефедин Бајрамов.

Петар Ставрев со него зборува за неговите почетоци на музички план кои се од родната Битола. Како млад имал две љубови, како што вели тој, спортот и музика. Играл фудбал и сонувал да биде добар фудбалер, тренирал во фудбалската школа на Пелистер, играл за градскиот клуб, а по повредата на ногата се повлекол од фудбалот.

Продолжил со музиката, песни, фестивали, разни настапи и така се гради неговата професионална кариера која трае веќе 40 години.

 

Share.