Со солзи во очите ја најави нејзината оставка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тереза Меј денес ја најави нејзината оставка од премерската функција на Велика Британија, објаснувајќи дека ќе се повлече од лидерската позиција на партијата на 7 јуни.

Во емотивната изјава на Даунинг стрит, Мај рече дека „направила се“ за да го почитува резултатот од референдумот во 2016, за напуштање на ЕУ  и дека и било огромна чест да биде втора жена премиер на Велика Британија.

Таа исто така додаде дека „длабоко жали“  што не беше во можност да го испорача Брегзит.

Оставката на Меј следува откако не успеа да постигне договор со Ториевците за договорот за Брегзит но и по силниот притисок од нејзината партија. Претседателката на Долниот дом Андреа Лидсом во средата поднесе оставка наместо да го престави законот за Брегзит во Парламентот.

Share.