ТЕРА

REKLAMA???

СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО Е ИЗГРАДЕНА ФОТОВОЛТАИЧНАТА ЦЕНТРАЛА „СТРЕЖЕВО 1“

44 години по создавањето на хидро-системот Стрежево, од ова претпријате денеска беше објавена информацијата за нов исчекор во нивната дејност – промовирана беше фотонапонската централа со моќност од 500 кило Вати, на локацијата Брана Стрежево. Посведочија поранешни вработени, директори, членови на доесгашните управни одбори, професионалци кои се вградиле во овој проект од зародишот на идејата до конечната реализација. Овој проект е показател дека комбинацијата домаќинско работење со иновативност во работењето дава резултати, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Фотонапонската централа е најновиот резултат на раководството и вработените во Стрежево и покрај користењето на водата за производство на електрична енергија, овде се започнува и со користење на сончевата енергија. Тоа гарантирано ќе води до натамошен развој на капацитетите за користење на обновливите извори на енергија.“ – изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Сојчевска.

Таа потсети дека проектот се реализирал со упорност пред предизвиците наметнати од сите кризи од 2019 наваму, па оттука е посебен  „чин на одговорност, патриотизам затоа што се вложува во развојот на сопствената држава во енергетска стабилност и иднина на новите генерации.“

„За голема пофалба е тоа што и покрај кризите во изминатите години кои силно се одразија врз економијата претпријатието со сопствени средства ја разви оваа капитална инвестиција. ЈП„Стрежево“ е првото претпријатие формирано од владата кое изградило фотоволтаична централа на зењмјата и добиеното производство ќе го продава и на слободниот пазар. “ – рече Костадиновска-Стојчевска.

За капацитетот на  ФЕЦ „Стрежево 1“ зборуваше директорот Менде Граматковски.

„Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија покрај досегашното искористување  на водата од петте мали хидроцентрали. „Оваа инвестиција не е приватно партнесрство и не е градена со кредит. Централата е изградена со сопствени средства во вредност од околу 30 милиони денари со моќност од 500кW  на локацијата Брана.  За оваа централа имаме добиено и премиум тарифа од Владата преку Министерството за економија со вредност од 14 Евра за мегаватчас. Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност за изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на тоа што имаме добиено дозвола за изградба.

Основните технички карактеристики на „Стрежево 1“ се  1248 монокристални фотонапонски панели, 6 инвертори со моќност од 440 kW, Енергетски трансформатор 630 kVA, Преносно ниво 35/0,4 kV и Годишно производство околу 700 000kWh. Вотоволтаичната централа беше идеја и на претходните раководства, но , добри идеи се само тие кои се реализираат. Инвестиционата одлука за овој проект е добро осмислен чекор, реален и рационален, еколошки одобрен со обликувана  јасна визија како приоритетен проект со сопствена развојна компонента.- рече во оваа прилика директорот Граматковски.

Во името на Стрежево, директорот Граматкоски изрази благодарност на сите поединци и институции кои се вложија преку поддршка и ставање на своите стручни капацитети на распологање во сите фази на реализацијата на овој проект, а тука особено им се заблагодари на: Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за енергетика, Општина Битола, Професор д-р Љупчо Трпезановски,  Управниот и Надзорниот одбор на Стрежево.