„СО ТЕБЕ НЕ ГЛЕДАМ СААТ( БЕЈБЕ)“-НОВА ПЕСНА НА ДУПЕР
10 јули 2024, 9:37 pm
223 прегледи
Array
Дуото Дупер ја претставија нивната најнова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ која носи сосема нова енергија на македонската музичка сцена, а воопшто и во нивната експресија и стил. Песната потсетува на музиката од раните 2000-ти, но сепак збогатена со нивниот препознатлив звук и сензибилитет со што лесно влегува во уво уште на прво слушање, и ве тера да си ја потпевнувате цел ден.
Тие очигледно сами најдобро знаат како да направат одлична песна, па автори на музиката и текстот на песната се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а на аранжманот на Борис Какуринов. Кога зборуваме за нивната музика не смее да се запостават и нивните креативни видеоспотови. Ова е трета соработка со режисерот Трифун Ситниковски со кој покажаа дека се тим кој знае како да спакува едно одлично музичко парче во автентична, видео приказна.