Со Томе Влашевски-Кубата во Два пати исто, но сепак различно

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во оваа емисија гостин е Томе Влашевски-Кубата со кој разговаравме за неговата музика кариера.

Неговите музички почетоци се со групата „Гром“ во седудесетите години, тој како вокален солист. Во тоа време претежно настапувале по месните заедници каде што се организираа игранки.

Во лето свиреле во Претор, а свои настапи имале и во градовите ширум тогашна Југославија.

Тоа траеше неколку години, потоа Кубата продолжува сам, па исвесен период беше дел од групата „Променливо време“ каде членувал и неговиот брат.

Кога „Хомосапиенс“ остана без вокалист, тој станува дел од таа група. Вели дека таа група му била посебно драга, а преку неа си го трасирал и својот пат на движење.

Студирал во Скопје, но заради групата секој петок се враќал во Битола. Со оваа, се една од двете групи во тогашно време, кои влегле во Телевизија Скопје каде што снимале две песни.

Зборува и за почетоците на Роберт Саздов и Владо Јаневски со него додека студирал во Скопје.

 

 

Share.