Со универзален полнач за мобилни телефони до помал електронски отпад

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЕУ бара мобилните телефони да имаат ист полнач за да се намали електронскиот отпад.

Европската унија повторно го покрена прашањето за воведување на ист полнач за мобилни телефони од различни производители. Тоа значи дека Андроид и Ајфон телефоните наскоро би можеле да користат ист полнач.

ЕУ ја испитува можноста за воведување на истиот полнач за мобилни телефони речиси една деценија откако е забележано дека во Европската унија има 51.000 тони електричен отпад кој доаѓа од старите полначи.

Исто така, корисниците на Ајфон и Андроид често се жалат на употребата на разни полначи, пишува на веб-страницата Еуроактив.

Како одговор на притисоците на Европската унија, 14 компании, вклучувајќи ги Епл, Самсунг, Нокиа и Хуавеј потпишаа доброволен Меморандум за разбирање во 2009 година, со желба да ги усогласат своите модели на паметни телефони, кои требаше да се појават на пазарот во 2011 година.

Откако Меморандумот истече во 2012 година, поединечни компании пишуваа писма за своите намери во 2013 и 2014 година.

Сепак, од ЕУ не се задоволни со ова статус кво.

„Со оглед на незадоволителниот напредок во овој доброволен договор, Комисијата наскоро ќе започне студија за оцена на влијанието  за да ги пресмета трошоците и придобивките од разни други опции”, гласи одговорот на комесарката за заштита на конкуренцијата во ЕУ, Маргарет Вестаргер на прашање упатено од пратениците на Европскиот парламент на почетокот на месецот.

Share.