Со Цвета и Петар Павловски, во „Два пати исто, но сепак различно“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Гости во емисијата „Два пати исто, но сепак различно“ е дуетот Цвета и Петар Павловски, познати по многу песни, меѓу кои и надалеку познатата „Дали знаеш мила мајко“

Петар вели дека уште како дете одел во Радио Битола да слуша музика, тоа било некаде околу 16 часот кога се емитувала програма на која се пеело во живо.

Некаде 1952 година со оркестар во живо почнал да пее. Како солист  тогаш ја пеел песната „Цветините очи черешови“.

Неговата супруга како солис во Радио Битола почнаала да пее уште на 16 години. Снимила неколку соло песни,  а потоа и дуети.

„Дали думаш либе“ е првата песна што со нејзиниот сопруг ја отпеале како дует.

Share.