ТЕРА

REKLAMA???

СО ЈАНУАРСКИТЕ СМЕТКИ И ПОНИСКА ВЛАДИНА СУБВЕНЦИЈА ЗА СТРУЈАТА

Новите сметки пристигна и со намалување на делот што владата како субвенција го плаќа за домаќинствата. Некои добија и повисоки сметки, па прашавме дали ова се должи на намалувањето на субвенцијата.

Конкретно за оваа фактиуа од 18.11 до 20.12. 2023 година субвенцијата од владата беше 91,51 процент и таа се однесува на сите домаќинства со земјава.

Во сметката за период од 21.12.2023 година до 24.01.2024 година стои дека субвенцијата од владата е 82,4 проценти и тоа за сите граѓани.

Од владата велат дека субвенциите за електрична енергија за овој период согласно новата одлука изнесуваат 82,4% и се намалени во процентот поради намалените цени за електрична енергија по која се обезбедуваат загубите, а во исто време влијание има и тоа што е воведена дневна евтина тарифа.Субвенциите кои се над 80% се директна поддршка кон граѓаните за користење на електрична енергија. Во врска со висината на фактурите, универзалниот снабдувач е должен да ги коригира сметките ако има отстапки од реалната и отчитаната состојба и дополнително има граѓански механизам за контрола – а тоа е секој потрошувач може да го отчита броилото и да го пријават во ЕВН Хоме, стои во објаснувањето од владата.