Со 100 балони и торта затворен 37-от Мал битолски Монмартр

0
598

Со доделување на наградите за најдобрите и признанија за учесниците, денес во Битола заврши 37-то издание на Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр”. Стручното жири имаше тешка задача и оваа година да ги избере најдобрите.

Над 110 од 16 земји во светот, беа присутни на годинешното издание.

Годинава на конкурсот учествуваа 38 земји од светот, кои испратија 12 илјади цртежи.

Според востановената традиција и на денешното свечено затворање на сите учесници на битолскиот Монмартр им беа доделени благодарници и срциња и во чест на манифестацијата.

Некои доаѓаат за прв пат , но некои се долгогодишни учесници кои со себе ќе понесат прекрасни спомени, меѓу кои и екипата од Хонг Конг.

Манифестацијата се затвори со торта и шампањско, како и со пуштање на 100-те балони кои симболично испратени кон светот носат порака за мир и до гледање на Монмартр 2019.

До сега Монмартарот бил домаќин на повеќе од 850 тимови, 4000 учесници, уметнички педагози и други гости.