Со 260 км/ч до Битола за мото турата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По деветти пат мото клубот „Конзули“ од Битола организираше мото тура во Битола. Се собраа на Магнолија од каде им почна дефилето низ битолските улици, за на крај да завршат со кампување во потпелистерието. На овој мото собир имаше учесници од другите градови на државата, но дојдоа и моторџии од странство. Оваа мото тура има и хуманитарен карактер, онаму каде кампуваат и каде има потреба од донација од мото клубот конзули организираат и помагаат, истакна заменик претседателот на клубот, Илија Банчотов.

Ова е моторцикл на три тркала, кој сам рачно го изработил Банчотов, а – тестиран е по европските стандарди, интересно е тоа што носи мотор од олдтајмер, култната Фолксваген Буба, а исто така има и специјално за него рачно изработена камп приколка.

Златко Лоренчиќ дојде од Словенија специјално за оваа мото тура, тука бил по четврти пат, а веќе 36 денови како е излезен од дома и патува со својата Јамаха, како што вели поминал околу 5000 километри.

И Александар од Кочани со својот Кавасаки дојде во Битола за мото турата, возел со 260 km/h .

Големиот број на моторџии кои се собраа на Плоштадот Магнолија во Битола, продолжија со дефиле низ битолските улици, а потоа во потпелистерието, каде и традиционално се кампува.

Share.