Со 45 минутно доцнење почна судењето за „Рекет“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Околу 45 минути доцнеше стартот на судското рочиште за случајот „Рекет“, се чекаше да биде донесен Бојан Јовановски – Боки 13.

Тој пред судијата тврди дека не може да учествува во судскиот процес.

„Состојбата не ми е добра, од сабајле 10 пати повраќав. Затворскиот доктор рече дека не сум во состојба да го следам судењето, но јас инсистирав да дојдам за да не го избегнувам судскиот процес. Но, не сум во состојба активно да учествувам“ – рече Јовановски.

Обвинителката Вилма Русковска по ова стана и кажа:

„Судија, ниеден лекар не би си ја ризикувал работата и лиценцата и да напише дека пациентот, во случајов Бојан Јовановски, дека е во добра здравствена состојба, а да не е добар“, рече обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на извештајот на специјалистите од Градската болница „8 Септември“, според кои Јовановски е пуштен од болница во добра здравствена состојба.

Судот се повлече 20-тина минути. Остави на лекарската екипа да изврши преглед на обвинетиот Јовановски.

Share.