Со 80 килограми експлозив уби 10, а рани над 60 луѓе

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 10 лица загинаа, а 66 други се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба во дворот на Полициска академија во колумбискиот главен град Богота.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Колумбија, меѓу загинатите покрај Колумбијаци, има и државјани на Панама и Еквадор.

При експлозијата пред академијата „Генерал Сантандер“, што се наоѓа во јужниот дел на Богота, биле искршени и повеќе прозорците на околните згради.

Колумбискиот јавен обвинител Нестор Мартинез соопшти дека нападот го извел извесен 56-годишен Хозе Алдемар Рохас, кој активирал 80 килограми експлозив во возило марка „Нисан“. Според Мартинез, возилото пред шест месеци ја минало границата со Венецуела.

Share.