Спасени патниците од крузерот кај Норвешка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите 1.300 луѓе кои се наоѓале на крузерот на кој му откажал моторот недалеку од западниот брег на Норвешка се спасени.

Осум лица се повредени, а тројца се во критична состојба, пренесува „БиБиСи“.

На крузерот „Вајкинг скај“ најмногу имало Британци и Американци.

Пет хеликоптери и неколку спасувачки бродови учествувале во спасувањето во текот на целата ноќ.

Бродот за крстарење Викинг скај имал проблеми со погонот сред лошите временски услови што во саботата ги погодија крајбрежните области на Норвешка.

 

 

Share.