Спасени 23 рудари по експлозија во рудник во Кина каде загинаа 11 лица

0
237

Спасувачи извлекоа 23 рудари кои беа затрупани по експлозија во рудник за железо во северочниот дел на Кина, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Во експлозијата загинале 11 лица, а во тек е потрага по уште двајца рудари чија судбина е неизвесна.

Инцидентот се случил на влезот од рудникот кога избувнале експлозивите што се доставувале во окното.