Спасеновска нова директорка во средношколскиот дом Мирка Гинова

0
872

Елена Спасеновска е новата директорка на средношколскиот дом Мирка Гинова во Битола. Таа е професор по биологија, а во ОУ Кирил и Методиј работеше 21 година, а во нејзината биографија стои и дека имала и директорска позиција во ова училиште. Доаѓа на местото на Илија Неделковски, кој во последните месеци ја извршуваше функцијата на вршител на должност.

Соња Карапец  е новата директорка на државниот студентски дом Кочо Рацин“ во Битола. Таа доаѓа на местото на Снежана Пажик, која долги години раководеше со домот.

Карапец на последните локални избори беше втора на листата на советници на СДСМ и коалицијата во Битола, но веднаш уште на првата седница на советот побара престанок на мандатот.