Спасила повеќе од 200 животни отворајќи им ги вратите на сопствениот дом

Одри Рејчел денеска е горда основачка на засолниште за животни во кое сега се грижи за речиси 200 различни приемероци.

Се започнало кога решила да го отвори не само нејзиното срце, туку и нејзиниот дом за миленичињата кои од различни причини останале без дом.

Сега освен што секојдневно се грижи за скоро 200 животни таа троши и десетици илјади долари секоја година за животните да бидат здрави и згрижени.



Кога ќе се земе во предвид колку многу енергија, време и на напор треба да се вложи во нешто вакво, јасно е дека не секој би можел да го стори ова дури и со неограничени средства. Тоа е она што ја прави Одри толку неверојатна.



Таа го основаше засолништето по повеќе години спасување животни на кои очајно им требаше помош. Секако таа помош се покриваше само од џебот на Одри. „Ми стана јасно дека ова не е хоби за мене, тоа беше приказна за мојот живот уште од дете и сакав официјално да го изберам како примарен фокус на мојот живот“, вели таа.

Фотографии: Инстаграм

На прашањето како изгледа да се грижи за многу животни секојдневно таа вели дека тоа е обврска од наутро до вечер, 7 дена во неделата, без одмор, но дека ужива во секоја минута помината со животните.

Сподели