Спасовски за „метлата“ на Заев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Битола, беше прашан за тоа како гледа на најавената акција „метла“ на премиерот Зоран Заев.

-Јас ја поддржувам операцијата за промени во структурата на Владата и на фондовите, јавните претпријатија и во локалните самоуправи, секаде каде има оценка дека тие функционери не ги исполнуваат на најдобар можен начин работите. Но, тоа е оценка која треба да се направи од премиерот и тоа е негова надлежност, рече Спасовски при денешната посета на Битола.

Share.