Спасовски и Димковски во посета на погодените места од невремето во Преспа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Невремето проследено со силен ветер, дожд и град за само половина час направи пустош. Најстрашна е состојбата во автокампот „Крани“. Откорнати дрвја од корен, некои од нив паднале врз камп приколки, некои го попречиле патот.

Од невремето најпогодени се селата Крани, Долно Дупени, Љубојно, Наколец, Стење, Претор и Штрбово.  Во Преспа денеска дојдоа и министрите Спасовски и Димковски.

-Државата заедно стои со локалната самоуправа со сите капацитети и траѓаните на Ресен и Преспа треба да бидат спокојни за да ја санираме состојбата и да ги процениме сите материјални штети, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Покрај тоа што ќе се прави проценка на принос, штета на јаболката, ќе се прави проценка и на основни средства, односно колкави штети ќе се направени на самите дрвја, така што сето тоа ќе влезе во елаборатоите кои ќе бидат доставени до владината комисија, истакна Трајан Димковски, министер за земјоделие.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека нема повредени.

-Мораме да бидеме свесни за вакво силно невреме, треба да бидеме среќни зашто немаме ниту повредени ниту жртви, Материјалните штети ќе се надокнадат, жртвите никогаш нема, изјави Аднан Џафероски, директор на ДЗС.

Share.