Спасовски: Со ДУИ имаме коректни релации

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот во техничката влада, Оливер Спасовски порачува дека мора во Собрание да се донесат сите законски решенија кои се договорени, па потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори. По синоќешните пораки кои си ги упатија коалициските партнери, СДСМ и ДУИ, техничкиот премиер се појави на надтан заедно министерот за образование од редовите на ДУИ, Арбр Адеми.

-Ние имаме коректни релации со ДУИ. Јас очекувам дека така како што ја започнавме коалицијата, така и ќе ја завршиме во однос на и овие законски решенија. Јас очекувам токму во тој дел да се донесат и законот за јавно обвинителство, очекувам дека нема да имаме дополнително неразбирливо одложување во Собранието и на седници и на дебата по однос на овие законски решенија и да дојдеме конечено до она што сме го договориле. Да се финалзираат овие законски решенија и да одиме на избори. Ако дојде до тоа да се опструираат законските решенија тогаш ќе седнеме ќе разговараме. Ние ги поминавме на Владата заеднички, тие се исти законски решенија. Кога доаѓаат избори секогаш има тензии, мислат дека преку тензии ќе добијат поеќе политички поени. Лесно е да препознаете личен интрес. Се уште сум убеден дека тоа што сме го договориле, тоа ќе го реализираме, изјаи Спасовски.

Share.