Спознајте се себеси преку „Мојот божествен пат кон успехот“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Мојот божествен пат кон успехот” е првото книжевно дело од авторката Соња Цветковска Георгиевска, која пред љубителите на пишаниот збор ја промовираше во Центарот за култура во Битола, „Содржината е спиритуална и е во насока на себе спознавањето и будењето на свеста кај современиот човек“, истакна Георгиевска.

Георгиевска зборуваше и за насловот на нејзиното дело „Мојот божествен пат кон успехот“, односно за каков успех станува збор.

Прашавме што е за неа најголем успех.

„Спознајте ја својата мисија и верувајте во себе“, порачува Георгиевска преку својата книга.

Освен со онлајн порачка на оваа книга, оние кои ќе сакаат да ја прочитаат ќе ја има и во книжарниците, но и преку личен контакт со авторката.

Издавач на ова дело е издавачката куќа „Дата Песнопој” од Битола, а рецензенти се проф д-р Марија Котевска Димовска, д-р Лидија Гоѕин Балтовска и проф. Лилјана Даева Стојановска.

Share.