Споменикот на Ќосето ноќеска е тргнат од пред судовите

0
1230

Андон Јанев-Ќосето, како што дојде излеан во бронза пред Комплексот судови во Скопје , на ист начин и си замина. Тој ноќеска беше дислоциран и качен со кревалка во камион.

Ова е првиот од спомениците за кој е утврдено дека се незаконски поставени.

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попрадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Ова здружение донираше уште четири споменици.

Кога се постави споменикот имаше реакции во јавноста , мниогумина првпат слушнаа за него, но откако се дозна кој е Ќосето, познат како ликвидаторот на ВМРО, реакциите беа уште побројни.

Работната група за анализа на проектот „Скопје 2014“ на актуелната  Влада , почна со разгледување на документациите на три споменици – Ќосето, Мајка Тереза и Воин на коњ.

Грандиозниот споменик во бетон крај Мериот веќе не се гради, а наскоро ќе се види кои споменици ќе ја имаат судбината на Ќосето.

АКО.мк