Според пожарната од Битола бројот на пожари од година во година се намалува

0
258

Превентивните мерки на претпазливост кои што секоја година ги преземале од ТППЕ причина за намалениот број на пожари на отворено на ниво на општина Битола, вака велат од ТППЕ од градот.Додаваат дека и во текот на зимата бил намален бројот на пожарите. Две третини од пожарите во зимскиот период биле пожари на запалени оџаци, што според кожмандирот на ТППЕ во Битола , тоа е релативно добро во споредба со годините наназад.

-Во последните 3 до 4 години се намалува бројот на пожари на отворено на ниво на општина Битола. Тоа е причина на превентивните мерки кои што ги презема ТППЕ во Битола, рече Костадин Поповски, командив во ТППЕ во Битола.

Надлежните се уверени дека во пресрет на летниот период со сите расположливи ресурски кои што ги имаат успешно ќе се справат со  евентуалните пожарите на отворено.

-Со цел свој потенцијал на човечки и материјални ресурси со кои што располагаме во ТППЕ во Битола , ќе го дадеме својот максимум за брза интервенција доклку маме пожари за време на летниот период. Најчесто причина за пожарите на отворено се пожари предизвикани од човекот, рече Поповски.

Од ДЗС велат дека секоја година се соочуваат со пожари на отворен простор, каде што во гасењето на истите освен што се вклучуваат надлежните тука се и граѓаните и приватните субјекти. Од таму со апел до граѓаните

-Упатуваме апел до граѓаните за поголема внимателност, сите да се вклучиме во заштита на шумата и посевите, бидејќи последиците од пожарите освен што можат да предизвикаат голема материјална штета, можат да бидат и животно загрозувачки, рече Димче Јошевски, од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Доколку се случи пожар граѓаните треба веднаш да ја повикаат пожарната на телефонскиот број 193.