Битолската СДСМ вели дека нема да го поддржи барањето за зголемување на цената на водата и канализацијата во Битола, а директорите на Јавните претпријатија се повикуваат на Регулаторната комисија.
За ова денеска го прашавме премиерот Ковачевски, кој одлучува за цената на водата и на комуналните услуги.
„Прво цената на водата, мининалната и максималната цена ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Меѓутоа минимумот и максимумот. Тоа што Општина Битола го има побарано е комплетно нереално“ рече Ковачевски.
Во продолжение целиот негов одговор.












