Според Путин, Шпанија ќе победи на Мундијалот во Русија

0
338

Претседателот на Русија, Владимир Путин, смета дека репрезентацијата на Шпанија е главниот фаворит за освојување на претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во неговата земја.

– Многу репрезентации имаат најмалку по една врвна ѕвезда, некои и повеќе. Меѓутоа, Шпанија ги има на секоја позиција. Тоа е една од причините поради кои беа доминантни во квалификациите, без ниту еден пораз – истакна Путин на состанокот со новинарите во Москва.