Спорот со името пред Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ

0
918

Напредокот на преговорите за името ќе биде една од главните теми на редовниот состанок на на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ утре во Брисел.

На состанокот високата претставничка за надворешни работи Могерини ќе ги брифира земјите членки за текот на решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, само неколку недели пред јунскиот Самит кој е пресуден за почетокот на преговорите.

За Брисел заминува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој дводневната посета ќе ја искористи да присуствува на појадокот организиран од Бугарија и Австрија. Ова ќе биде прилика за европските министри да го распрашаат за текот на преговорите за името. Во Брисел треба да продолжат и преговорите за името меѓу двете преговарачки страни. По њујоршката рунда, на маса повторно ќе седнат министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.